Затвореникот Кокорин ќе добие награда – медалот за шампион со Зенит!

Една од најголемите ѕвезди во Русија, Александар Кокорин ќе мора да одлежи година и половина за дивјачкиот напад во Москва заедно со својот репрезентативен другар Павел Мамаев, но напаѓалот на кого му се предвидуваше блескава кариера иако веќе од поодамна е зад решетки – ќе си добие медал за шампион.

Кокорин е дел од новиот шампион Зенит од Санкт Петербург, а од октомври е во затвор поради брутален напад врз владино лице, а неодамна беше осуден на 18 месеци затвор. Пред да заврши во затвор, Кокорин одигра само три меча за Зенит, а клубот од Санкт Петербург сепак го стави во тимот што ја освоил титулата.

Поради тоа, ќе му биде доделен медалот. И тоа лично, најверојатно во затвор, зашто Зенит не сака истиот да го даде на неговото семејство.

„Ќе почекаме за да видиме дали може да му го врачиме медалот лично. Медалот треба да го добие, без оглед што е скоро цела сезона во аут“, рекол Александар Медведев, првиот човек на клубот од Санкт Петербург.

Доделувањето на медалот доаѓа како одговор, откако во руската јавност се отвори сериозна дебата дали Кокорин после бруталниот напад и затворската пресуда заслужува воопшто да добие медал за „заслуги“ на фудбалското поле.