Во Интер беше „камен“, во Бенфика „дрво“, а „воскресна“ во Фламенго

Габриел Барбоса во летото 2016 година пристигна во Интер за 30 милиони евра, како еден од најталентираните бразилски фудбалери. 

Иако беше најавуван како големо засилувањ, не покажа речиси ништо во дресот на „нераѕурите“ и постигна само еден гол на девет натпревари. Беше позајмен во Бенфика, но и таму не се изнаигра и запиша вкупно пет настапи во сите конкуренции со еден постигнат гол. 

Следуваше враќање во родниот Бразил во редовите на Сантос и тоа повторно на позајмица, а популарниот Габи-гол покажа знаци на напредок. Одигра 53 натпревари и постигна 27 голови. Сезонава повторно е позајмен во Бразил и тоа во Фламенго, каде игра неверојатно.

На 15 натпревари во бразилскиот шампионат има 16 голови, а беше стрелец и на три голови во Копа Либертадорес. Тоа беше доволна препорака за бразилскиот селектор Тите повторно да го повика во репрезентацијата по пауза од три години. 23-годишниот напаѓач ќе биде во комбинација за пријателските дуели на „кариоките“ против Сенегал и Нигерија во октомври.