Во 92 години историја на Мундијалите, победа како таа на Костарика не се случила (ФОТО)

Откако од 1930 година во Монтевидео почна да се игра Светското првенство и сега во Катар се игра 22-от Мундијал, не е видена победа како таа денеска попладне на Костарика против Јапонија со 1-0.

Анализата на мечот откри дека не само што Костарика од првиот директен шут победила, зашто такви победи имало многупати во светскиот фудбал, историјата на Мундијалите не памети помалку напади на победничкиот тим.

Костарика во шеснаесетникот на „самураите“ имала всушност само два допири со топката, а од еден од нив, Кејшеср Фулер Спенсер со прекрасен гол погоди во мрежата, па Костарика после дебаклот со 0-7 од Шпанија, се врати во игра и за осминафинале и ја направи групата уште позаплеткана.