Влаховиќ по дебито на Спалети удри по сите тренери со кои претходно работеше!

Екипата на Јувентус вчера против Кремонезе ја запиша првата победа со Лучијано Спалети на клупата, а по овој натпревар напаѓачот Душан Влаховиќ ги критикуваше поранешните тренери со кои соработуваше во италијанскиот гигант.

Јувентус откако е Влаховиќ го водеа Алегри, Мота и Тудор, а според Влаховиќ сите тројца работеле погрешно.

„Имавме погрешни навики од претходниците на Спалети. Се спуштавме премногу назад без причина. Најважно сепак на крајот е што освоивме три бода. Кога сум јас во прашање, добро се чувствувам и подготвен сум да работам за тимот. За формацијата одлучува тренерот, јас сум тука да ја одработам задачата која ќе ми ја даде“, изјави Влаховиќ.

По десет кола, Јувентус има 18 бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата.