Венецуелец ги победи Руни и Ибрахимовиќ во трката за најдобар играч во МЛС-лигата

Американската МЛС-лига ги прогласи најдобрите во изминатата сезона, во која Атланта јунајтед и Портланд Тимберс ќе се борат за шампионската титула, а изненадувачки двете најголеми ѕвезди Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ не успеаа да стигнат до наградата за најдобар фудбалер во сезоната.

Изненадувачки или не, најкорисен фудбалер во МЛС-лигата е Џозеф Мартинез, венецуелскиот фудбалер на Аталанта, кој е добитник на наградата „Ландон Донован“. Мартинез, бившиот фудбалер на италијански Торино, постигна 31 гол во сезонава, го урна рекордот и ја освои „златната копачка“, а сега ја добива и наградата за најкорисен фудбалер.

Зад Мартинез заврши неговиот соиграч Мигел Алмирон, додека на трето и четврто место завршија ѕвесздите Венјн Руни од ДЦ Јунајтед и Ибрахимовиќ од ЛА Галакси.