ВАР е посебна приказна во Јужна Америка: На судија му требаат пет минути за да досуди пенал! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил славеше со 3-0 против Боливија во првиот меч од Копа Америка, а „кариоките“ на најдобар начин го отворија натпреварувањето.

Боливија ја бранеше својата мрежа до 50. минута, но потоа Филипе Кутињо од пенал погоди за 1-0, па играта на противниците се распадна.

Но, за пеналот долго ќе се зборува. Во 46. минута Џусино играше со рака, но судијата Нестор Питана не досуди најстрога казна.

Меѓутоа, Бразилците се жалеа и бараа судијата да искористи ВАР, а тоа го направи тој. Но, неверојатно беше тоа што проверката траеше пет минути.

Откако не успеа да се согласи со помошниците од ВАР-собата, Питана замина да ја погледне спорната снимка и досуди пенал.