Ваква голманска глупост ретко се гледа: Им подари гол за убедлива победа! (ВИДЕО)

Понекогаш во фудбалот се случуваат навистина необјасниви работи, а такво нешто се случи во Јужна Кореја.

На натпреварот помеѓу Улсан Хјундаи и Поханг во рамки на домашното првенство, при што гостите славеа од високи 4-1, а сите надежи на домашните навивачи беа згаснати поради глупавата голманса грешка.

При резултат 2-1 за противникот, голманот тргна да изведе аут, надевајќи се што побрзо да ја врати топката во игра, но наместо тоа, ја додаде до противничкиот фудбалер кој лесно реализираше на празен гол за 3-1.