Ужас во Мексико: Фудбалер убил судија на натпревар

Мексиканскиот фудбалер Џонатан Г. се соочува со обвинение за убиство, откако го нападнал главниот судија за време на натпревар во Гвадалупе, Мексико. 

Фудбалерот кој имал само 23 години го силно турнал судијата Хуан Хернандез, кој со главата удрил на теренот и останал без свест. Хернандез веднаш бил пренесен во болница, но неколку дена подоцна починал од повредата на главата.

Џонатан сега се соочува со сериозни обвиненија за убиство, но и поради фактот што не се ни обидел да му помогне на судијата. Инцидентот се случи на натпревар, што се играл на 12 февруари годинава.