Ужас во Бразил: Фудбалер со глава удри судија и му го скрши - черепот! (ВИДЕО)

Спортската јавност во Бразил е ужасната по појавата на видео-снимката од тежок напад врз судија кој се случи на натпревар од футсал-лигата помеѓу Флуминенсе и Атлетико Брасилиенсе.

Инцидентот беше инициран од наводно недосуден прекршок врз фудбалер на Атлетико, по што противникот постигна гол во противнапад. Наместо само да протестира, засегнатиот играч се послужи со далеку побрутален метод. Прво го удри судијата со глава, а потоа, откако тој се струполе на теренот го удри со нога во главата.

Несреќниот делител на правдата заврши со скршен череп, а воинствениот Алчионе беше приведен од бразилската полиција.