Ужас: Голема трагедија во Гана – загинаа осум млади фудбалери (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Огромна трагедија се случи викендов во Гана, кога автобус кој превезувал фудбалери на возраст помеѓу 12 и 16 години се превртел и завршил во река, што било кобно за осумина од нив.

Шест фудбалери загинале на место на несреќата, а двајца дополнително во болница, каде што лекарите не успеале да ги спасат нивните животи. Според медиумите во Гана, несреќата се случила откако возачот ја загубил контролата по пукање на предна гума и тоа во моментот кога поминувал преку мост.

Повредени се вкупно 24 фудбалери, кои играле во јуниорската „Колтс лига“, од кои уште четворица се во животно-загрозувачка состојба.