Уругвајската федерација ги отпушти сите 400 вработени и селекторот Оскар Табарез

Уругвајската фудбалска федерација денеска соопшти дека ги прекинува договорите на сите 400 лица, меѓу кои и оној на селекторот на сениорската репрезентација Оскар Табарез.

Искусниот фудбалски стратег е на клупата на националниот тим уште од 2006 година и го освои последниот голем трофеј на оваа репрезентација на Копа Америка. Уругвајската федерација соопшти дека се одлучила на ваков потег поради сериозните економски проблеми што и ги нанесе суспензијата на фудбалот поради коронавирусот.

„Управниот одбор информира, дека поради здравствената криза е обврзана да направи драстични мерки со цел да се задржи долгорочното функционирање на институцијата“, велат од федерацијата.

Оваа драстична мерка е направена за вработените во федерацијата да можат да добиваат социјална помош додека трае прекинот на фудбалската игра, што им следува според законот во државата. Од куќата на фудбалот на Уругвај се уверени дека наскоро работите ќе се вратат во нормала и дека повторно ќе се игра фудбал.

Засена не информираат дали сите исти 400 отпуштени вработени повторно ќе бидат вратени на работа.