Уругвај немаше среќа: Стативата ја спаси Јужна Кореја од пораз (ВИДЕО)

Уште едно реми без голови на Мундијалот во Катар, и тоа овој пат меѓу селекциите на Уругвај и Јужна Кореја, кои имаа неколку шанси да постигнат погодок, но сепак рамката од голот двапати ги запре Уругвајците.

Напаѓачите на Уругвај не беа на очекуваното ниво, па така Суарез и Нуњез не успеаа да испратат ниту еден удар во рамките на голот, додека стативата на Јужна Кореја прво ја затресе Диего Годин, а во финишот истото му се случи и на Федерико Валверде кој испрати вистинска „бомба“.

Уругвај во следното коло игра против Португалија, додека Јужна Кореја ќе се соочи со Гана.