Урнебес: Судија во една недела двапати доцни на меч од елитна лига!?

Звучи неверојатно, ама во аргентинскиот фудбал, дури и кога станува збор за елитната лига има сè и сешто, па дури и доцнења на судиите. И не е еднаш, туку ист судија во само седум дена двапати прави циркузи поради што мечевите нормално доцнат.

Мауро Вилјана е арбиртарот поради кој доцнеше синоќешниот меч Хуракан – Алдосиви. Причина? Си го заборавил свирчето! Излезе со фудбалерите, тие се наместија за почеток, а кога тој требаше да даде знак – сфати дека нема свирче. Па трчаше до соблекувалните за да го најде и откако се врати после пет минути доцнење – мечот почна.

Но, ова не му е првпат поради него да доцни меч. Пред една недела беше делегиран на култната „Бомбоњера“ за да дели правда на мечот Бока Јуниорс – Атлетико Тукуман. Фудбалерите го чекаа за да се појави, зашто заглавил по пат. Десет минути на терен го чекале играчите, додека Вилјана се појави.

Зошто заглавил и како воопшто задоцнил да дојде на стадионот засега нема официјален одговор.