Урнебес: Србин начека мексикански маријачи во Доха, па ги китеше со – долари (ВИДЕО)

Српски навивач во Катар стана хит пред мечот со Бразил откако начека мексикански маријачи, па почна да ги кити со долари за да му свират, како да се наоѓа во кафеана.

Илјадници српски навивачи се дојдени во Доха полни со оптимизам и во еуфорија после одличните настапи на „орлите“, препородени со Драган Стојковиќ – Пикси на клупата, па големи се очекувањата од националниот тим кај северниот сосед.

И во целото општо лудило за денешниот меч, навивачот во дрес на Душан Тадиќ направи шоу во Катар.

Видеото може да го погледнете ТУКА.