Урнебес: Бизнисмен си купи клуб, а во напад мора да игра син му со 126 килограми (ФОТО)

Во светскиот фудбал има секакви лудории, а не е прв пат, некој газда да си купи клуб во кој мора да игра неговиот син, ама ситуацијава од Кина е повеќе од урнебесна.

Кинески бизнисмен го купил клубот Зибо Цију, кој игра во втората Џиј-лига за да може да игра син му и ова не би било некоја сензационална вест, освен тоа што синот не личи на фудбалер.

Има 126 килограми и задолжително мора да игра од почеток и цел меч. И тоа не е сѐ. Синот мора да го изведе секој корнер, слободен удар и пенал.

Исходот на крајот барем по пет одиграни кола е едвај еден бод и два дадени гола. Со вакво напаѓач и „врвен играч“, веројатно и ова е многу.