УЕФА не го прифати предлогот на Белгија за враќање на навивачите!

Фудбалскиот сојуз на Белгија се надеваше дека за мечот против Брегот на Слоновата коска ќе може да пушти околу 11.000 навивачи со почитување на мерките поради пандемијата на ковид-19, но УЕФА даде негативен одговор.

УЕФА не ја прифати идејата на Фудбалскиот сојуз на Белгија, кој претходно ги договори протоколите со Владата на нивната држава.

„За несреќа, УЕФА смета дека следниот меч против Брегот на слоновата коска на 8 октомври е премногу рано за да се вратат навивачите. Натпреварот мора да се одигра пред празни трибини“, пишува во соопштението.

Белгија во ноември ќе одигра пријателски меч и против Швајцарија, а потоа ќе се пресмета против Англија и Данска во Лигата на нации.