УЕФА ја претстави маскотата за ЕП 2020 (ФОТО)

За малку повеќе од една година ќе почне Европското првенство, а денеска беше претставена маскотата која ќе биде присутна на турнирот.

Големото натпреварување ќе се одржува во 12 градови во Европа и тоа е неверојатно, а УЕФА денеска ја претстави најновата маскота за Евро 2020, која е наречена Скилзи.

Скилзи ќе ја наследи маскотата Супер Виктор, кој беше официјална маскота на Европското првенство во Франција.