Трол на Мундијалот: Големиот Кантона на урнебесен начин го исмеа Нејмар (ФОТО)

Враќањето на теренот на Бразилецот Нејмар по подолгата пауза поради повреда се најде во центарот на вниманието на огромен број светски медиуми, без разлика што неговата репрезентација одигра само 1-1 со Швајцарија на отворањето на Мундијалот во Русија.

Но, освен за играта на ѕвездата на ПСЖ, реакции има и за неговата фризура за која имаше огромен број коментари на социјалните мрежи. Меѓу тие на кои не им се допадна стилот на бразилскиот репрезентативец беше и легендарниот француски фудбалер, Ерик Кантона, кој објави фотографија со истурени шпагети на главата опишувајќи ја сопствената фризура дека е во стилот на Нејмар.

Останува да се види дали Бразилецот ќе врати или ќе остане фокусиран само на случувањата на Светското првенство.