Три држави од три континенти сакаат организација на СП 2030

Мундијал на три континенти во три различни држави досега не е организиран, а после објавата на пиринејската кандидатура на Шпанија и Португалија, како и јужноамериканската со четири држави, трета во најава е заедничка кандидатура на Египет (Африка), Саудиска Арабија (Азија) и Грција (Европа).

Ова го најави египетскиот министер за спорт, Ашраф Соби, кој веќе имал состанок со своите колеги од С. Арабија и Грција околу деталите за кандидатурата, но за да дојдат до официјално кандидирање, ќе мора прво владите на трите земји да го одобрат проектот и да дадат „зелено светло“ пред да се поднесе пријавата за интерес, а потоа и комплетната документација во ФИФА.

СП годинава ќе се игра во невообичаен термин во Катар од 21 ноември до 18 декември, а следното СП е во САД, Канада и Мексико во 2026 година.