Трансфер-бомба среде СП: Меси од јуни 2023 оди во – Интер Мајами!

Само што излезе најавата од САД откако „Си-Би-Ес“ објави дека Кристијано Роналдо има неверојатна понуда од Ал Наср од Саудиска Арабија вреден 225 милиони долари за три години, британски Тајмс денеска го стресе светот со објавата дека Лионел Меси е пред трансфер на лето во – Интер Мајами.

Според еден од најугледните британски весници, Меси и Интер Мајами, чиј газда е англиската легенда Дејвид Бекам се многу близу до договор и Аргентинецот веќе извесно е дека ќе си замине од Пари Сен Жермен по две сезони откако ланското лето како слободен играч дојде од Барселона.

„Тајмс“ објави дека веднаш после СП во Катар, Меси и Интер Мајами ќе потпишат преддоговор и во јуни 2023 година кога ќе му заврши договорот на Аргентинецот ќе се пресели во САД, а ќе биде најмпатениот фудбалер во МЛС-лигата, најмалку со 30 милиони долари годишно. Бекам Планира во Интер Мајами да ги донесе и Луис Суарез и Цеск Фабрегас.

Инаку, за заминувањето на Меси од ПСЖ најава имаше пред неполн месец и тоа поради желбата на семејството да си замине од Франција, зашто не може да се прилагодат на животот таму.