Трајковски со Ал Фејха го освои Кралскиот куп на С. Арабија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, јунакот од Палермо во епската победа против европскиот првак Италија во мундијалските баражи дојде до првиот голем пехар откако се пресели во саудиска Ал Фејха откако синоќа го освои – Кралскиот куп.

Ал Фејха победи на пенали со 3-1 против Ал Хилал во големото финале во Џеда, а Трајковски беше стартер на мечот и играше до 105-та минута и за него ова е прв важен трофеј во кариерата.

Ал Хилал поведе во четвртата минута од судиското надополнување, а Рамон во 66-та израмни, по што мечот после продолженијата влезе во пенал-рулетот кој решаваше за освојувачот на Купот, а пресудија трите утки на Ал Хилал во првите три серии.

Ова е прв трофеј за Ал Фејха во клупската историја.