Трагедија во Египет: Фудбалски тренер почина при прослава на гол (ВИДЕО)

Египетскиот тренер Адхам ел Селхедар вчера починал од срцев удар за време на натпреварот помеѓу неговиот тим Ал Магд и Ал Зарка во рамки на египетската втора фудбалска лига.

Тој доживеал срцев удар при прославата на гол на неговиот тим во последните моменти од натпреварот. Медицинскиот тим веднаш реагираше, но на тренерот му немало спас.