Тјери Анри клечеше осум минути во чест на Џорџ Флојд (ФОТО)

Фрацуската легенда Тјери Анри клекна на колено со тупаница во виз и цели осум минути и 46 секунди траеше неговата поддршка за правда за црномурестите жители низ светот, после убиството на Џорџ Флојд во САД, по кое следеа жестоки демонстрации низ земјата.

Анри го направи потегот на мечот Монтреал Импакт – Њу Ингланд Револушн, а времетраењето на неговата поддршка е истата во која полицаецот во Минеаполис, Дерек Чавин со колено го гушел Флојд, кој потоа почина.

Речиси да нема спортски настан на кој со клечење се бара рамноправност, во борбата со зголемениот расизам низ светот.