Тежок удар за Ливерпул: Слот десет натпревари без еден од најважните!

Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате заработи повреда во натпреварот во кој „црвените“ славеа победа од 2-0 против Реал Мадрид и тоа во наредниот период може да биде проблем за тренерот Арне Слот.

По направените детални тестови утврдено е дека Конате ќе мора да паузира најмалку пет, а најмногу шест недели и тоа во период кој може да биде клучен.

Ливерпул во наредниот месец ипол ќе одигра дури десет натпревари и во нив ќе биде без незамнеливиот во одбраната. Се очекува местото на Конате во овие дуели да го пополнат Џо Гомез и Џарел Кванс.

Почнувајќи од утрешното дерби со Манчестер сити, па до дербито со Манчестер јунајтед на 5 јануари, Ливерпул ќе биде сериозно ослабен.

Помеѓу двете дерби средби со екипите од Манчестер, екипата на Клоп ќе игра против: Њукасл, Евертон, Жирона (ЛШ), Фулам, Саутемптон (Лига куп), Тотнем, Лестер и Вест Хем.

Добра вест за Ливерпул е што се враќа првиот голман, Алисон Бекер, а на располагање по кратката пауза ќе биде и Арнолд.