Тешки денови за Кабалеро: Поради киксот добива морбидни закани

Откако направи неверојатен кикс и на Хрватска ѝ подари гол за водство по што бродот на „гаучосите“ почна да тоне, голманот Вили Кабалеро преживува тешки денови, затоа што е преплавен со најразлични морбидни пораки и закани.

Аргентинскиот голман пред почетокот на Мундијалот во Русија на својот Инстаграм профил ставил фотографија со своите две ќерки, Гиљермина и Аитана, но не очекувал дека по киксот ќе добие такви закани од „тролови и ботови“, од кои на човек едноставно да му се згади.

По киксот што Кабалеро го направи, нападот почна во секунди, па во коментари и приватни пораки, фудбалерот на Челси добил тон закани. Од закани дека ќе му ги скршат нозете и рацете, па се до морбидни закани да закачи некоја тешка болест, тој самиот, ама и неговото семејство, па се до закани дека ќе му ги силуваат жената и децата.

Засега нема реакција од аргентинската федерација за заканите кон Кабалеро, а ова не е првпат фудбалер за време на СП да добива закани. Колумбиецот Карлос Санчез добива смртни закани за црвениот картон, па колумбиските власти веќе ги истражуваат тие закани со убиство и ликвидација, како што се случило со Андреас Ескобар во 1994 година.