Емотивна изјава на Касилјас: Првпат излегувам на терен по пауза од 14 месеци (ВИДЕО)

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, доживеа срцев удар на тренингот на Порто пред нешто повеќе од една година.

Тоа го принуди познатиот голман да стави крај на кариерата, но никој не помисли да го остави надвор од прославата на титулата, затоа што тој сè уште е член на клубот.

Касилјас беше на теренот да ја прослави титулата со остатокот од тимот, а неговото обраќање беше многу емотивно.

Не сум излегол на терен 14 месеци. Возбуден сум поради тоа, истакна поранешниот шпански репрезентативец и додаде дека би сакал веднаш да се врати на теренот.