Таткото на Кутињо откри како го натерал Бразилецот да постигнува повеќе голови!

Таткото на Филипе Кутињо, Зе Карлос, откри дека на својот син му плаќал за секој погодок кој го постигнувал.

Кутињо во дресот на Бразил на Мундијалот во Русија постигна два гола, а тоа ги израдува навивачите на Барселона, како и неговиот татко, кој откри интересни детали од неговото детство.

Неговиот татко кажа дека додека Кутињо бил во Васко де Гама, му плаќал на својот син, само за да го натера да се труди и да постигнува повеќе голови.

Кутињо тогаш инсистирал повеќе да дрибла, сакал да игра типичен бразилски фудбал, но со тек на време почнал да шутира повеќе и да се обидува на секој начин да стигне до гол.