Тајланѓанец запиша „светски рекорд“ - од шест шута даде шест гола! (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Тајланд, Адисак Краисорн, кој има прекар „Голф“ направи нешто неверојатно во дуелот со Источен Тимор.

Краисорн на дуелот со големиот аутсајдер постигна дури шест голови, а тоа немаше да биде спектакуларно, доколку тоа не го направеше од шест удари, па тоа дефинитивно е „светски рекорд“.

Инаку, Тајланд успеа да го добие натпреварот со високи 7-0 на гостувањето против Источен Тимор.