Светскиот првак во бунило: Шведска води против Германија! (ВИДЕО)

Германија се најде во очајна ситуација по неполно полувреме против Шведска, бидејќи прими гол и губи со 0-1 на паузата.

Иако прикажа нешто подобро издание од првиот меч со Мексико, кој го загуби, Германија, сепак, не можеше да ја скрши Шведска. По почетната иницијатива, Швеѓаните се ослободија, дури стигнаа и да креираат неколку шанси. Плодна беше онаа од 32. минута, кога Тоивонен круниса убава акција со лоб, преку Мануел Ноер.

Во второто полувреме Германија мора да оди на целосен пресврт, затоа што дури и со реми ќе виси за пласман во осминафиналето.