Суперталентот Секулов официјално дебитираше за Италија и тоа како – стартер!

Македонскиот суперталент, кој веќе тренира повремено и со првиот тим на Јувентус, Никола Секулов денеска и официјално дебитираше за младинската селекција до 19 години на Италија во пријателскиот меч во Фуеланбрада против Шпанија, кој „аѕурите“ го загубија со 0-1.

Македонецот кој е роден во Пјаченца и е дел веќе подолго време во младинските категории на најголемиот италијански клуб беше првотимец на своето официјално деби во дресот на Италија и играше со 56-та минута, кога бил заменет со Сквицато. За Секулов ова е прв меч за Италија, сооглед дека претходно дебитираше во еден од тимовите на „аѕурите“ во пресметки на три тима на таленти во тренинг-кампот на федерацијата во Конверчано.

Секулов цела една година не играше за Македонија. Последен пат настапи во квалификации за селекцијата до 17 години во октомври 2017 година и потоа едноставно исчезна. Најавуваше преку социјалните мрежи дека не се откажува од Македонија, но сега реши да игра за земјата во која е роден и каде гради кариера.


Секулов (последен од десно) при интонирањето на химните денеска во Фуеланбрада