Судијата кој не му го призна голот на Роналдо против Србија доби отказ (ВИДЕО)

Не се смирува бурата од реакции откако не му беше признаен голот на Кристијано Роналдо на мечот против Србија, а сега пристигна информација од Холандија дека главниот судија Дани Макели не сака да соработува со неговиот помошник Марио Дикс.

Дикс беше човекот кој не забележа дека топката во третата минута од судиското надополнување ја премина гол-линијата и така го спаси нашиот сосед од пораз.

„Со години работам со Марио и ќе разберете дека ова беше тешка одлука поради која нема да давам повеќе коментари“, кажа Макели.

Во јавност се јави и Дикс, кој кажа дека е разочаран затоа што нема да соработува со Макели на Европското првенство ова лето.