Судија слепец: Дадоа гол и почнаа да се радуваат, а арбитарот мртов ладен си го продолжи мечот (ВИДЕО)

Дуелот на јапонските Урава и Шонан донесоа нереална ситуација во која прописно се избламира главниот судија, откако не виде чист гол, па наместо на центарот покажа играта да продолжи.

Шонан постигна гол, топката влезе во мрежата и излезе, ама голманот на Урва по примениот погодок, кога гостите тргнаа да се радуваат ја фрли топката нервозно дека примил гол. Но, судијата слепец наместо кон центарот, покажа да продолжи ирата и Урава доби неочекувано контра, која уште поурнебесно не ја ни искористи.