Едвај преживеал: Животните драми на пензионерот Стефан Далма!

Французинот Стефан Далма до пред една деценија беше голема фудбалска ѕвезда. Играше за Марсеј, па за Пари Сен Жермен, милански Интер, лондонски Тотнем, а кариерата ја заврши со трофеј во францускиот куп во дресот на Ленс.

Но, откако сега веќе 39-годишниот Далма реши да ги закачи копачките на клин и да стави крај на добрата кариера, почна пеколот во неговиот живот. Прво се борел со депресијата, а потоа за малку ќе загинел на мотор. Бил шест дена во копа, а за среќа успеал да се извлече и да не остане ниту инвалид.

Сè почнало од депресијата...

„По завршувањето на кариерата имав проблеми со депресијата. Имав и приватни проблеми. Ние фудбалерите живееме под стаклено ѕвоно и кога ќе дојдеш во ситуација да мораш во потполност да раскрстиш со минатото, се појавуваат проблемите. Еве веќе шест години поминаа, а јас не работам ништо“, вели Далма.

И од депресијата, се појавила животната драма со една сообраќајќа.

„Пред година ипол имав сообраќајна несреќа со мотор во Бордо. Шест дена бев во кома, па шест месеци во инвалидска количка. Само моето семејство знаеше како е. Ја скршив карлицата, имав преку 30 операции, последната на 24 октомври. Дури сега живеам нормално, како порано. Уживам, патувам, ама јасно е дека порано или подоцна ќе мора да најдам работа. И тоа сериозна работа. Нешто за кое мора да станете наутро“, додава Далма.