Српски репрезентативец призна: Среќа што немаше ВАР, голот на Роналдо беше – регуларен!

Без разлика што минаа дваесетина дека од контроверзниот меч од квалификациите за СП 2022 помеѓу Србија и Португалија (2-2), во кој на крајот не беше признат регуларен гол на Кристијано Роналдо поради што тој буквално полуде, вестите поврзани со овој случај и понатаму ги полнат „страниците“ на светските медиуми.

Српскиот репрезентативец, Немања Гудељ, за португалскиот „Маис Футбол“ призна дека тој и соиграчите имале среќа што немало ВАР на оваа средба и дека ѕвездата на Јувентус постигнал погодок за три бода за Португалците.

„Топката ја мина гол-линијата и среќа наша што немаше ВАР на натпреварот“, им изјави меѓу другото Гудељ на португалските новинари.

Роналдо поради оваа судиска грешка направи вистински скандал, фрлајќи ја капитенската лента, која, пак, подоцна беше продадена на аукција за 63.000 евра наменети за лечење на шесмесечното српско бебе Гаврило.