Српски репрезентативец му ја скрши ногата на најскапиот фудбалер на Австрија (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Србија беше поразена од селекцијата на Австрија со 0-2, а во центар на внимание е еден момент од 75. минута, кога српскиот фудбалер Вукашин Јовановиќ доби црвен картон, откако му скрши нога на противнички фудбалер.

Јовановиќ имаше жесток старт во 75. минута и му ја скрши ногата на најскапиот фудбалер на Австрија, Ханес Волф, па судијата немаше друг избор, освен да му покаже црвен картон.