Србите чурат од лутина: Погледнете колку пари има на сметка судијата Брих!

Србија загуби од Швајцарија со 1-2 во второто коло од Светското првенство во Русија, а поразот уште погорчлив им го направија неколку „детали“, меѓу кои и судијата Феликс Брих.

Србите сметаат дека беа оштетени од Брих, кога во една ситуација не досуди пенал врз Александар Митровиќ. Имаше уште неколку дискутабилни одлуки, па медиумите инсинуираат дека тој бил мотивиран да ја фаворизира Швајцарија.

Пишуваат дека Брих имал „дебела“ банкарска сметка. Ако се знае дека еден фудбалски судија, за натпревар на ФИФА или УЕФА заработува околу 3.000 евра, а годишно до 70.000, прашуваат како тоа Брих има два милиона евра на сметката?!

Податоците биле од специјализираната интернет-страница „Инкоменентворт“, која се занимава со приходите на славните личности. Германецот го доби знакот на ФИФА пред 10 години, па судејќи по проста математика, чудно е што е меѓу најбогатите арбитри на планетата.