Сон има само една шанса за да избегне одење во војска во Јужна Кореја

Фудбалската ѕвезда во Тотнем од Јужна Кореја, Сон Хеунг Мин неодамна ја продолжи соработката со лондонскиот премиерлигаш до 2022 година, но има еден проблем – никако не може да најде начин за да го избегне задолжителното служење на воен рок во својата татковина.

Иако Сон имаше добри настапи на СП, а нацијата падна во транс откако Јужна Кореја ја победи и елиминира Германија од Мундијалот, но тоа нема да му помогне да се извлече и да не отслужи војска. Но, според најавите, има само една шанса за такво нешто, со фудбалски успех да не оди во војска.

Тоа е да ги освои Азиските игри, кои почнуваат на 18 август и ако стигне до златото, многу веројатно е дека Владата на Јужна Кореја како награда ќе ги помилува да не служат војска. Ако, не успее во такво нешто, Сон ќе мора да мине две години на служба во татковината и да се откаже од дресот на Тотнем, како и од 95.000 фунти неделно и за две години во војската на Јужна Кореја ќе заработува по 240 евра.

Сега прашање е дали Јужна Кореја и Сон имаат толкав квалитет за да освојат злато, но и дали Сон може да го издржи тој притисок. Јужнокореецот е дел од Тотнем од 2015 година, каде дојде по настапите за Хамбургер и Баер Леверкузен во германската Бундеслига. За Јужна Кореја има 70 меча и 23 гола.