Со погодок од своја половина му донесе трофеј на неговиот клуб! (ВИДЕО)

Хајнгене Спорт од Нова Каледонија успеа да ја прекине осумгодишната доминација на клубовите од Нов Зеланд во Лигата на шампиони во Океанија, откако славеше со 1-0 против Магенте.

Во финалето падна само еден погодок, но тој беше спектакуларен. Ројн ја искористи невнимателноста на противничкиот голман и успеа да постигне гол од својата половина на теренот.