Со елиминацијата на Бразил заврши и ерата на селекторот Тите

Бразил во новата 2023 година ќе влезе со нов селектор, зашто досегашниот кормилар Тите со елиминацијата во четвртфиналето на пенали против Хрватска (2-4) ја заврши својата ера на клупата на „кариоките“.

Тите и пред СП во Катар најави дека ова е неговата последна авантура со Бразил и дека ја отстапува клупата без оглед на резултатот, па овој меч со Хрватска излезе негов последен како селектор.

„Болен пораз, но јас заминувам во мир. Ова беше крај на еден циклус“, рече Тите.