Со Агуеро сè е во ред: Аргентинецот имал вртоглавица, не изгубил свест!

Откако фудбалската јавност беше шокирана со веста дека аргентинската ѕвезда на Манчестер сити се онесвестил на полувреме од пријателскиот меч со Нигерија во соблекувалната и итно бил префрлен во болница, англискиот премиерлигаш Манчестер сити објави дека со напаѓачот сè е во најдобар ред.

Од Сити демантираа дека Агуеро изгубил свест, туку на полувремето се пожалил на вртоглавица, па од претпазливост бил пренесен во болница на преглед. По тоа, тој се вратил во хотелот со репрезентацијата и утре ќе се врати во Манчестер, каде лекарите на „граѓаните“ по нов преглед ќе треба дадат дозвола дали тој ќе игра против Лестер.

„Серхио Агуеро доби дозвола од лекарите да се врати во Манчестер како што беше планирано, откако за време на дуелот Аргентина – Нигерија 2-4 во Краснодар, имал вртоглавица. Серхио не изгубил свест, а во болница бил превентивно. Тој од нашиот лекарски тим ќе биде повторно прегледан пред да добие дозвола за патувањето кај Лестер овој викенд во Премиерлигата“, објави Сити на својата интернет-страница.

Агуеро пред еден месец имаше тешка сообраќајќа во Амстердам, кога возачот на таксито во кое се наоѓач се забил во бандера. Аргентинецот тогаш заработи скршеница на ребро, па паузираше две недели.