Снајдер тргнува по стапките на Робен: Се враќа од пензија, а веќе ја има и првата понуда

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер, планира да се врати на фудбалските терени, а веќе пристигна и првата понуда на негова адреса - од Утрехт.

Триесет и шест-годишниот играч од средниот ред се откажа од фудбалот во август 2019 година, а негов последен клуб беше катарскиот Ал-Гарафа. Инаку, претходно играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница, и стана шампион на Холандија, Шпанија, Италија и Турција. Најдобрите денови во кариерата ги мина во Интер, со кого го одвои трофејот во Лигата на шампиони, како и титулата во 2009 година, два национални купа, еден Супер куп и Светското клупско првенство.

Тој има 134 натпревари и 30 голови за репрезентацијата на својата земја. Со „лалињата“ стигна до финалето на СП во 2010 и 2014 година.

Снајдер е роден во Утрехт, но никогаш не играше за тимот од родниот град, па ова ќе му биде идеална шанса да придонесе со своите настапи во овој клуб.

Пред една недела, Арјен Робен, кој исто така се повлече во 2019 година, потпиша со Гронинген – клубот каде ја започна кариерата.