Скандал во Мексико: Судијата како дефанзивец спречи гол на една од екипите (ВИДЕО)

На вчерашниот дуел од мексиканската лига помеѓу Круз Азул и Толука се случи неверојатна ситуација, откако главниот судија во еден момент беше во улога на дефанзивец на гостинскиот тим и спречи сигурен погодок на домаќинот.

Круз Азул водеше со убедливи 2-0 уште по половина час од мечот, а во 36. минута имаа можност да го докрајчат противникот и со трет гол. Уругвајскиот напаѓач на домашната екипа, Родригез Портилјо, беше сам пред празниот гол на противникот, со можност само да ја пласира топката во мрежата, но пред него неочекувано се најде човекот со свирчето.

Топката на патот кон мрежата го погоди судијата, кој очигледно ужасно се движеше по теренот и немаше контрола врз ситуацијата, и заврши во гол-аут. Среќа по делителот на (не)правдата и покрај ова, Круз Азул дојде до победата со 3-2.