Скандал во Јужна Америка: Голманот на Сантос имал корона, а лабаво си бранел со Бока!?

Голем скандал во ек на корона-кризата низ светот го тресе јужноамериканскиот фудбал, кој дојде на чекор до финалето во најпрестижниот Куп Либертадорес и тоа во режија на голманот на бразилски Сантос, Џон.

Сантос гостуваше во Буенос Аирес кај Бока јуниорс, одигра 0-0 и следната недела дома ќе се бори за финале во кое веќе извесно е дека Палмеираш ќе игра после триумфот на овој клуб против Ривер плејт со 3-0, исто така во аргентинската престолнина.

Но, Џон имал коронавирус. Знаел за својот позитивен тест, но сепак настапил и со тоа во ризик ги довел сите, како соиграчите, така и противничките фудбалери. Голманот криел за својот позитивен тест, зашто решил без оглед на сѐ да брани, бидејќи немал симптоми.

Сега од Јужна Америка се најавува жестока казна за него, само на многумина им е нејасно, како никој друг не знаел за позитивниот тест и како редовното тестирање според протоколите за фудбал, не покажале дека е позитивен.

Фудбалерите на Сантос претрпеа и мал хорор после ремито без голови, откако автобусот им беше каменуван на враќање кон хотелот од хулигани на Бока, но за среќа стаклото од автобусот не се скрши за да повреди некого.