Скандал: Репрезентацијата на Аргентина фатена во шверц!

Голем скандал ја потресе Аргентина откако беше објавено дека фудбалската репрезентација на двојниот светски првак е обвинет за обид за шверц при поминувањето на границата со Колумбија, со која играше пријателски меч пред неколку дена.

Аргентинците се обвинети дека се обиделе да пренесат стока во вредност од 25.000 долари. „Гаучосите“ не пријавиле дека во својот багаж имале електронски уреди, играчки, музички инструменти и други работи при поминувањето на границата.

Аргентина го искористи терминот за нацтапи на националните селекции за да одигра две пријатеслки мечеви, на кои не играше првата ѕвезда Лионел Меси, кој замина во „привремена пензија“ по очајниот настап на СП во Русија. Аргентинците ја победија Гватемала со 3-0, а ремизираа без голови со Колумбија.