Скалони промени половина тим за дуелот со Мексико (ФОТО)

Аргентина беше шокирана во првото коло на Мундијалот од Саудиска Арабија со 1-2, па затоа селекторот Скалони реши да направи драстични промени за мечот против Мексико.

„Гаучосите“ мора да слават против Мексико за да ги зголемат шансите за пласман во осминафинале, а селекторот Скалони го објави списокот со фудбалери за мечот и може да се забележи дека половина тим е променет.

Скалони ги отпиша Молина, Ромеро, Таљафико, Гомез и Паредес, додека на нивно место им даде шанса на Мартинез, Акуња, Монтиел, Гуидо и Мак Алистер.