Сите селектори ќе имаат „бубици“ на Мундијалот во Русија

На Светското првенство во Русија, ФИФА дефинитивно ќе постави нови технолошки граници.

Последната новост во низата е тоа дека тренерите на репрезентациите ќе имаат можност да комуницираат со стручњаци кои не се наоѓаат на клупата.

Ова не е ништо ново во Премиерлигата, а пред сѐ во Северна Америка, бидејќи во НФЛ веќе со години се користи комуникација на тренерот со тактичари кои обично седат високо на стадионите за да имаат подобар преглед.

Исто така, тука се и статистичарите, кои можат константно во реално време да го информираат стручниот штаб со нови податоци, што во напнати натпревари може да има клучно значење.

Останува да видиме дали селекторите ќе се снајдат со оваа новост која може да се покаже како клучна.