Сите се чудеа зошто Бехрами не „леташе орел“, а неговиот татко ја откри причината

Откако Гранит Џака и Џердан Шаќири, двајцата швајцарски репрезентативци со албанско потекло ги прославија головите за победата над Србија (2-1) со „летање орли“, провоцирајќи ги српските навивачи во Калининград, многумина без зачудени зошто во таа прослава о политичка конотација не учествувал Валон Бехрами, кој е по потекло од Косово.

Таткото на Бехрами, Рагип откри за швајцарските медиуми зошто неговиот син не им се придружил на Џака и Шаќири, кои сега се предадени на дисцилинска комисија поради своите прослави и се соочуваат со суспензија од најмногу два меча.

Бехрами е родум од Косовска Митровица.

„Валон не прави такви работи, од едноставна причина. Можеби спортот понекогаш е повеќе од спорт, ама тој не сака да се плетка во такви работи“, рекол таткото на швајцарскиот репрезентативец.

Рагип се преселил од Косово, кога Валон имал четири години, заедно со својата сопруга Халима и ќерката Валентина. Немале документи, па во средината на 90-те им се заканувала депортација.

„Немаше каде да се вратиме, па размислувавме да одиме илегално во Шведска или Германија. Но интервенираше татко на еден соиграч на Валон од младинските категории. Собраа 2.000 потписи и некако останавме. Во тоа време Валон беше подобар во скијање, затоа што само што почна да игра фудбал“, додава таткото на Бехрами.

Како што објавуваат медиумите, Бехрами не го интересира политика, туку само спорт и тој со сите фудбалери со кој играл, без оглед на етничаката припадност имал фантастичен однос и бил пример за однос кон сите.