Силни безбедносни мерки во Подгорица – затворени локали, улици... (ФОТО)

Црногорската полиција ги презема неопходните мерки не безбедност за да се спречат инциденти околу стадионот во Подгорица.

Натпреварот од третото коло во Лигата на нации помеѓу Црна Гора и Србија е означен како натпревар од висок ризик.

Во текот на вчерашниот ден, кога пристигнаа Србите во Црна Гора не беа забележани никакви инциденти.

Утрово беше мирно, но на улиците во Подгорица е забележан голем број припадници на полицијата, а од 14 часот се затворени и сите локали во близина на стадионот.

Покрај тоа, поставен е посебен режим на улиците кои се наоѓаат околу стадионот.