„Си-Би-Ес“: Роналдо официјално доби понуда од С. Арабија – три години за 225 милиони долари!

Кристијано Роналдо, најдобриот португалски фудбалер на сите времиња кој пред неколку дена официјално раскина со Манчестер јунајтед и шест месеци пред истекот на договорот на „Олд Трафорд“ спогодбено ја прекинаа соработката, сега доби официјална понуда од Саудиска Арабија.

Роналдо и летоска се поврзуваше со заминување во Саудиска Арабија во најпопуларниот клуб Ал Наср, кој зимоска сакаше да го купи и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Како што објави „Си-Би-Ес“, Роналдо официјално од Ал Наср добил понуда за три годишна соработка вредна 225 милиони долари. Прашањето е дали Португалецот ќе сака да замине во Арабија, откако се појави информација и дека култниот бразилски Фламенго исто така сака да го ангажира.

Пред неколку дена се појави и информација дека во јуни во С. Арабија ќе дојде и Лионел Меси, кому на лето му завршува договорот со ПСЖ.