Шулц ја „нокаутираше“ Холандија среде Амстердам (ВИДЕО)

Одличен меч беше одигран во Амстердам, а Германија успеа во финишот да слави против Холандија со 3-2 во второто коло од квалификациите за Евро 2020.

Резултатот го отвори Лирој Сане во 15. минута, откако погоди за 1-0, а Серж Гнабри зголеми на 2-0 во 34. минута.

Во второто полувреме Холандија се врати во игра преку головите на Матијас де Лихт во 48. минута и Мемфис Депај во 63. минута.Се играше добар фудбал и во финишот од мечот, а во последните минути од дуелот, Нико Шулц ја затресе мрежата за конечни 3-2.

Германија така ги освои првите три бода, зашто за нив тоа беше прв натпревар, па сега изби на втората позиција во групата, зад Северна Ирска, која има шест бодови.

Белгија беше сигурна на гостувањето кај Кипар, па славеше со 2-0, со головите на Еден Азар и Миши Батшуаи, кои ги постигнаа уште во првото полувреме. Додека Северна Ирска славеше со 2-1 против Белорусија.